Вештачката интелигенција може да ги уништи сопствените човечки креатори ако инженерите не почнат да се занимаваат со етиката зад сево ова, предупредува Стивен Хокинг.
На веб-самит во Лисабон физичарот истакнал дека вештачката интелигенција има потенцијал да биде најдобрата или најлошата работа што човештвото ќе ја доживее, а страшната реалност е што уште не се знае каков ќе биде исходот. Вештачката интелигенција може да биде од голема корист за намалување на сиромаштијата и заразите и за подобрување на животната средина, но не е можно да се предвиди што можеме да постигнеме кога нашите умови се засилени од неа, вели Хокинг.
Хокинг смета дека инженерите треба да се фокусираат на максимирање на придобивките за општеството, односно да се обезбеди ефективен менаџмент за развојот на вештачката интелигенција.
На самиот зборувале влијателни луѓе, меѓу кои генералниот секретар на ОН, Антонито Гутиерез, и комесарот за конкуренција на ЕУ, Маргарет Вестагер. Повеќето од влијателните лица сметаат дека се наоѓаме во најголемата револуција во историјата на човечката раса што се однесува до последиците. Сите се согласуваат дека најголемиот предизвик за владите е да се развијат алатки за да се биде во тек со брзите промени што настапуваат. Општеството е за луѓето, а не за технологијата, изјавила Вестагер.