PanSTARRS1, телескоп на Хаваите забележал бледо трепкаво светло кое се движело по небото. Резултатите од анализите за таа појава биле необични. Објектот се наоѓал на необична позиција и се движел со голема брзина. Дури бил толку брз што било доволно научниците да се посомневаат дека можеби се наоѓа во орбитата.

Тие резултати како што е соопштено од Центарот за мали планети на Меѓународната астрономска унија, сугерираат дека објектот се наоѓа длабоко во вселената и дека станува збор за прв регистриран случај на меѓуѕвездена комета.

Мала е веројатноста дека кометата C/2017 U1, како што ја нарекле научниците, ќе имаме прилика некогаш повторно да ја видиме. Таа се појавила на оддалеченост од 24 милиони километри од Земјата на 14 октомври. Се чинело дека се движи од насоката на Вега во соѕвездието Лира, а се проценува дека има пречник од 160 метри. Кометата се движела многу брзо – 25 километри во секунда, па поради тоа Сонцето неможело да ја стопи иако значително му се приближила.

Астрономите сега се обидуваат да го утврдат точното потекло на кометата, но вертојатно потекнува од околината на ѕвездата Вега, која се наоѓа на 25 светлосни години од Сонцето. Според сегашните проценки, во вселената патувала околу 1.7 милиони години.