Малку познатата јапонска компанија FutureModel го објави нивниот нов модел на телефон наречен NichePhone-S. Големината на телефонот е колку една кредитна картичка а цената е 10.000 јени, односно околу 88 долари. Станува збор за телефон со минимални можности. Тежи само 38 грама и има дебелина од 6.5 милиметри. Не станува збор за никаков смартфон, па функциите кои се достапни се разговори, пораки, гласовно снимање, свирење на аудио фајлови, можност за делба на 3G интернет со други уреди и Bluetooth конекција.
Телефонот користи Android 4.2 и нема да можете да инсталирате апликации. Телефонот користи процесор од 2013-та година, односно MediaTek MT6572A, има лежиште за nanoSIM картичка и има micro USB конектор за полнење на батеријата која е со капацитет од скромни 550mAh, што би требало да ви овозможи 3 часови разговор или 72 часови standby. Телефонот ќе започне со продажба на 10-ти ноември.
Поврзани артикли