Основачот и директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, нема маса во својата канцеларија, а со оглед на тоа дека прави база секаде каде што ќе се појави проблем, веројатно не би ни го знаел одговорот на прашањето каде е нговата главна канцеларија, пишува магазинот Fortune.
„Секогаш ја преместувам масата и всушност, немам маса. Се преместувам секаде каде што Tesla има најголем проблем. Верувам дека лидерите мора да бидат први на линија и затоа сум тука“, вели Маск.
Моментално неговата работна маса се наоѓа во Gigafaktory во Спарк во Невада, каде што е произведен и Model 3. Од Tesla пред неколку дена соопштија дека компанијата забележала најголема квартална загуба откога постои и дека има застој во производството на Model 3. Меѓутоа, тоа не е единственото нешто што го работи Илон Маск во Gigafaktory. Имено, првиот човек на Teslа и SpaceX призна дека спиел на подот од фабриката.
Извор: Bizlife.rs