Доколку ја користите апликацијата WhatsApp за комуникација на Android оперативниот систем, треба да бидете вниматели деновиве затоа што на Google Play се појави апликација со името “Update WhatsApp Messenger” која пред да ја инсталирате, на прв поглед делува идентично како оригиналната апликација, а дури и производителот изгледа дека е самата компанија. Оваа лажна апликација има за цел да симне дополнителна апликација која ќе покажува реклами на вашиот телефон, а креаторите на апликацијата неовластено ќе заработуваат од тие реклами. Провлекувањето на Google Play било успешно, бидејќи креаторите ставиле едно празно место на крајот на името, па тоа и не е лесно забележливо.
Сега веќе апликацијата е избришана од Google Play, но доколку сте ја инсталирале оваа лажна апликација, веднаш избришете ја од вашиот телефон. Дополнителните истражувања покажуваат дека постојат голем број на други апликации кои го користат истиот пропуст, но освен WhatsApp и други апликации за комуникација се користат за оштетување на корисниците.