Опцијата на Instagram, Stories веќе има 300 милиони активни корисници дневно, што значи дека оваа платформа моментно е речиси двапати попопуларна од Snapchat, кој претставуваше инспирација и урнек за Stories.
Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг, во рамки на последниот финансиски извештај, објави раст на Stories сервисот, кој на WhatsApp има 300 милиони корисници дневно.
Според извештајот, функциите како Stories , наменети се за „подобро поминато време” со Facebook апликациите.
Поврзани артикли