Неодамна, полицијата во Сплит уапси крадци кои се обидувале да извржат кражба со поставување на скимери на банкомати, па време е да се потсетиме како функционира тој систем на измама и како да се заштитиме.
Што се скимери?
Накратко кажано, тоа се уреди смислени и изработени за да украдат податоци од магнетната лента на вашата платежна картичка. Се поставуваат на вистински терминали за плаќање, претежно на банкомати, од каде ги крадат податоците од секоја картичка која ќе биде искористена. Притоа, тие терминали и понатаму функционираат како ништо да не се случило.
Обично се помали од шпил карти и добро се вклопуваат со постоечкиот читач на картички, Криминалците најчесто поставуваат и скриена камера некаде во близина за да го украдат и вашиот ПИН. Камерата некогаш ќе биде во самиот читач, понекогаш на врвот од банкоматот, а понекогаш во пластичната преграда на банкоматот. Некогаш, измамниците поставуваат и лажна нумеричка тастатура за внесување на ПИН-от, за да не мора да поставуваат камера.
За да дојдат до украдените податоци, криминалците мораат да дојдат до терминалот на кој е поставен скимер. Со тие податоци можат да изработат копија од картичката или да направат неовластен упад во вашата банкарска сметка и да ви ги украдат парите. Дури и картичките со чип можат да бидат ограбени доколку податоците се складирани и на магнетната лента.
Како да забележите и избегнете скимери?
Побарајте очигледни знаци дека некој неовластен чепкал по банкоматот. Посебно внимание обрнете на врвот од банкоматот, близу звучникот, покрај дисплејот, на самиот читач на картичката или тастатурата.
Барајте нешто што ви изгледа поинаку или како да не припаѓа на тоа место, како на пример поинакви материјали, поинакви бои, делови кои штрчат, тастатура која е предебела…
Доколку забележите нешто сомнително, побарајте друг банкомат или подигнете пари во банка. Сомнителните банкомати пријавете и ги на банката.
Дали сè е на свое место?
Дури и доколку нема видливи разлики, доколку имате причини за сомнеж, проверете дали сè е на свое место. Банкоматите по правило немаат подвижни делови или делови кои висат. Доколку нешто се помести кога притискате, а не би требало, тоа е знак за тревога.
Скријте го ПИН-от
Дури и кога сте сигурни дека никој не ве гледа, покријте ја тастатурата додека го внесувате ПИН-от.
Внимавајте каде подигнувате пари
Банкоматите во банките, рестораните и трговските центи се нешто помалку изложени на измами од овој тип, отколку оние на улица. Шансите за измама со скимер се поголеми за време на викенд отколку во работен ден, бидејќи потешко е да се пријави сомнителен банкомат, а банките поспоро реагираат.
Пријавете кражба веднаш
Доколку сепак станете мета на измамници, пријавете ја кражбата веднаш, Колку побрзо реагирате, штетата ќе биде помала, а шансите за фаќање на крадците поголеми.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли