Од американската вселенска агенција НАСА стигна ретко добра климатска вест, а тоа е дека џиновската дупка во Земјината озонска обвивка се намалува.
Оваа година дупката била најголема во септември, кога била широка околу 20 квадратни метри, што е два и пол пати поголема површина од Соединетите Американски Држави, пренесува „Вашингтон Пост“.
Тогаш, сепак, била за 3 милиони квадратни километри помала од минатата година, а од тогаш уште се намалила. Оваа добра вест се појавува 30 години откако е откриена озонската дупка.
The 2017 #OzoneHole that forms over Antarctica each September was the smallest observed since 1988: U.S. agencies https://t.co/dJs9PqTQMC pic.twitter.com/FzuKRFxxCJ
— China Plus News (@ChinaPlusNews) November 3, 2017
Временските услови во стратосферата се заслужни за ова намалување на озонската дупка, а тие се потполи од било кога.
Научниците наведуваат дека топлиот воздух ги одбива хемикалиите како хлор и брм кои ја уништуваат вселенската обвивка.
Временските услови над Антарктикот биле послаби, што довело до потопли температури кои го успориле губењето на озонот.
Поврзани артикли