Во пресрет на новото издание на една од најпопуларните филмски франшизи „Војна на ѕвездите“, компанијата за производство на накит „Сваровски“ одлучи да ги изненади големите фанови на филмот со лансирање на ексклузивна фигура на Дарт Вејдер, украсена со 29.000 кристали.
Како што е наведено на официјалната веб-страница, за производството на секоја фигура биле потребни 120 часа макотрпна работа. Сите мајстори во компанијата биле ангажирани во изработката на 300 примероци на фигурата со ликот на Дарт Вејдер, а секоја од нив ќе добие сертификат со уникатен број, кој, исто така, ќе биде врежан на гранитната база.
Цената на оваа фигура ќе биде над 10.000 долари. Интересно е што оваа пролет јапонската компанија за накит „Tanaka Kikinzoku“ направи копија о дшлемот на Дарт Вејдер од чисто злато.
Поврзани артикли