На сите понекогаш ни треба пауза. Некои се занимаваат со велосипедизам, некои одат на риболов, а пак Илон Маск „кампува“ на покривот на својата фабрика.
Минатата недела шефот на „Амазон“, Џеф Безос, позираше на покривот на неговите масивни турбини среде Тексас со цел да ја промовира најновата постројка на неговата компанија.
Сега истиот „фазон“ го тера и милијардерот Илон Маск, кои преку „Инстаграм“ сподели фотографија каде што се гледа дека се искачил на врвот на фабриката за батерии за да „се одмори“, како што стои во неговиот коментар. Се работи за фабрика во близината на градот Рено во Невада, известува „Диџитал трендс“.
Хронологијата на овој епски настан почна со објавата на Маск на „Инстаграм“, каде што тој седи на покривот на зградата заедно со десетина луѓе. Потоа била објавена и матна видеоснимка на која Маск со колаче од слез во едната рака и со чаша виски во другата пее песна од Џони Кеш.
Набрзо по музичкото интермецо, шефот на „Тесла“ пратил и твит: „БТВ, сакав само да изразам почит кон напорниот труд на вработените во Гигафектори. Причината зошто кампував на покривот е затоа што ми беше поблиску од хотелската соба во Рено. Продукциски пекол – осми круг“.
Судејќи според нехуманите услови во неговите фабрики, идејата за осмиот круг од пеколот е релативно благ поим. Да потсетиме, производството на автомобилите „тесла 3“ порасна од првичните триесет на сто, па на 1.500 за на крајот да стигне до бројката 20.000 – со истиот број вработени. Кампирањето на Маск на фабричкиот покрив не оди „рака под рака“ со бројните откази што неодамна ја потресоа фабриката. Во каква деловна филозофија веруваат „Тесла“ и сродните компании, знаат само ексцентричниот милијардер и блискиот круг негови советници.
Извор: Tportal.hr
Поврзани артикли