Камиони без возачи пред неколку дена ја извозија својата прва рута во Сингапур, а компанијата која ги направи се надева дека до 2020 година беспилотните камиони ќе се најдат на јавните патишта за да транспортираат стока до пристаништата во Сингапур.
Katoen Natie, белгиската компанија за когистика, свечената премиера на своите беспилотни камиони ја приреди по долготраен процес на развој во соработка со петрохемиската компанија Exxon Mobil, холандската компанија за склопување возила VDL Groep и со Универзитетот за менаџмент од Сингапур.
Моментално во првата фаза од примената камионите ќе превезуваат 250.000 тони производи во текот на една година од паркинг до складиште. Извршниот директор на компанијата, Коен Кардона, изјави дека недостатокот од возачи е една од причините за развој на концептот на камиони без возачи, а други се безбедноста и продуктивноста.
Камионите по патот ги наведуваат 3.800 транспондери долж фиксната рута од паркингот до складиштето. Компанијата се надева дека ќе ја прошири нивната примена за камионите еден ден да можат да се користат по јавните патишта.
За безбедност на беспилотните камиони се инсталирани четири уреди за исклучување на моторите поставени по целото тело на камионите, има опција за далечински надзор и контрола, како и скенееи за препреки кои функционираат во радиус од 180 степени.
Не се наведува ценаата на проектот од концепт до испорака. Компанијата се надева својата флота да ја зголеми со 11 нови камиони по 6 месеци тестирање, а конечната цел е развој на камиони кои на јавните патишта ќе превезуваат производи од хемиските фабрики до сингапурските пристаништа до 2020 година.
Извор: Zimo.hr