Најамбициозните градежни проекти сигурно не можат да бидат евтини. Од колосални брани до гигантски аеродроми и брзи железници, ви ги претставуваме најскапите архитектонски чуда на сите времиња (прилагодени на стапката на инфлација)
10. Коридор Делхи – Мумбај, Индија, 90 милијарди долари
Најамбициозниот градежен потфат во Индија, индустрискиот коридор Делхи – Мумбај ќе опфати 24 индустриски региони, осум града, два аеродрома, пет електрани, два големи система за брза железница и две логистички јазли. Првата фаза на овој проект, вреден 90 милијарди долари, товарниот коридор кој ги поврзува Делхи и Мумбај, ќе биде завршена до 2019 година.
9. Економски град на кралот Абдулах, Саудиска Арабија, 100 милијарди долари
Наречен по покојниот крал Абдулах, овој нов саудиски град ќе биде поголем од Вашингтон. Неговата градба треба да заврши во 2020 година, ќе опфаќа 173 километри квадратни и ќе има индустриска област, станбен дел и пристаниште, а проектот чини вртоглави 100 милијарди долари.
8. Казарски острови, Азербејџан, 100 милијарди
Оваа метропола е изградена од 41 вештачки град во близина на Баку, во Азербејџан. Градот вреден 100 милијарди долари треба да биде завршен во 2025 година. Ќе има деловна и станбена област, стотици училишта, трговски центри и неколку универзитети. Ќе има и стаза за Формула 1 и повеќе од милион жители.
7. Шумски град, Малезија, 100 милијарди долари
Шумскиот град, кој е заеднички проект на Кина и Малезија, се наоѓа во близина на Сингапур и неговата изградба треба да заврши во 2040 година. Наречен „рајски сон“, овој еколошки град ќе има згради покриени со зеленило, урбани шуми и животен простор за 700.000 луѓе.
6. Голема џамија во Мека, Саудиска Арабија, 100 милијарди долари
Најголемата џамија и најсветото место на исламот Масџид ал Харам во Мека може да прими четири милиони луѓе за време на хаџилак. Се проценува дека изградбата на оваа огромна градба чини околу 100 милијарди долари.
5. Кашаган платформа, Казахстан, 124 милијарди долари
Изградбата на оваа нафтена платформа во Каспиското море во Казахстан започна во 2001 година, но производството на нафта не беше почнато се до 2013 година. Во овој, еден од најскапите проекти на сите времиња, се вади нафта во плитки води, кои замрзнуваат во текот на зимата.
4. Меѓународна вселенска станица, 155 милијарди долари
Најскапиот објект изграден со човечка рака е Меѓународната вселенска станица, која ноќе на небото е видлива и од Венера. Станува збор за заеднички проект на американската НАСА, рускиот Роскосмос, јапонската ЈАХА, европската ЕСА и канадската ЦСА.
3. Заливска железница, земја на Персискиот залив, 250 милијарди долари
Заливската железница ќе ги поврзе сите шест членки на Советот за соработка за заливските земји (ГЦЦ) во Персискиот залив и ќе биде долга повеќе од 2.200 километри. Овој грандиозен проект треба да биде завршен во 2020 година. Тој подоцна е одложен поради ниската цена на нафтата и несогласувањата меѓу членките на ГЦЦ.
2. Урбан проект за обнова, Турција, 400 милијарди долари
Турската инфраструктура нема заштита од земјотреси и затоа ќе биде подложна на проект за нејзина обнова во наредните 20 години. Владата веќе одвојува буџет од 400 милијарди долари за да се демолираат повеќе од седум милиони згради кои би можеле да се срушат при земјотрес и ќе ги замени со нови, отпорни на земјотреси. Ова ќе биде најголемиот проект за обнова на сите времиња.
1. Американски систем за автопатишта, 516 милијарди долари
Изградба на систем за автопатишта кои ги поврзуваат сите американски држави почна во јуни 1959 година и сега се протега на повеќе од 77.000 километри. Пред 11 години овој проект е проценет на 425 милијарди долари, а денес изнесува 516 милијарди долари.
Ова е најскапиот мегапроект во историјата.