Skype влезе во кругот на најпопуларните апликации, што и не треба да претставува големо изненадување, земајќи го во предвид фактот дека е секојдневна апликација на милиони луѓе ширум светот.
Апликацијата Skype од продавниците на Android била преземена повеќе од милијарда пати и така стана член на ексклузивен клуб, во кој и нема премногу апликации кои можат да се пофалат со истото достигнување.
Во оваа група на апликации влегуваат GMail, Google Maps, Instagram, Messenger, Facebook, WhatsApp, Chrome, Play Music, Google Drive, Google+, Hangouts и Google.
Сепак, она што е важно да се напомене за Skype апликацијата е тоа дека таа, како и некои од Facebook и Google апликациите, не доаѓа преинсталирана на Android уредите.
https://www.youtube.com/watch?v=RU9w41tPXyc
Skype во текот на 2013 година имаше 100 милиони корисници, за таа база сега да порасне на 500 милиони. Компанијата Microsoft во 2011 година за околу 8.5 милијари долари го откупи Skype од компанијата eBay. Skype е денес достапен на речиси сите дигитални платформи, а неодамна беше претставена и верзијата 8.0.
Извор: Mondo.rs