Германската железница „Дојче Бан” го претстави своето прво комбе без возач – „паметно” урбано возило, кое се движи низ улиците на една германска бања и ги вози патници до железничката станица.
Првиот превоз со ова само-возачко електрично комбе, кое може да превезува 12 патници, беше изведен во бањата Бад Бирнбах во Баварија на југот од Германија.
Комбето, кое го проектираше француската старт-ап компанија „ИзиМајл“, отсега бесплатно ќе ги поврзува железничката станица, центарот на градот и бањата, соопшти „Дојче Бан”.
– Штотуку влеговме во новата ера на јавниот превоз, изјави генералниот директор на германската железница Рихард Лук, влегувајќи во овој „шатл“, со кој се отвора првата линија на јавниот превоз со само- возачки возила.
Од 2018 година, „Дојче Бан”, кој е основач на компанијата „Јоки“, посветена на електронската мобилност и превоз на иднината, има намера да ги тестираат своите комбиња во неколку германски градови, вклучувајќи го и Хамбург.
Оператори и компании од неколку американски, азиски и европски градови го истражуваат големиот потенцијал на возилата без возачи за јавен превоз. Париз, Лион, Лас Вегас и Дубаи веќе имаат такви возила, но во помали размери.
Овие автономни возила, кои се уште се во развој, наскоро ќе бидат вклучени во модерниот сообраќај.