PayPal плаќањето отсега па натаму ќе може да биде извршено и преку Messenger на Faceboook, а услугата за корисниците во Соединетите Американски Држави ќе биде достапна до крајот на овој месец.
„Кога ќе пишувате порака на некого поединечно или пак во група, тие ќе можат да кликнат на сината икона, а потоа да го изберат зеленото копче Payments за да испратат или да побараат пари“, изјави Бил Реди од PayPal и додаде:
„Луѓето потоа ќе можат да го изберат PayPal како извор на финансирање при извршувањето на Peer to Peer плаќањето со помош на своите контакти на апликацијата Messenger“, изјави Бил Реди.
PayPal го стартуваше Peer to Peer плаќањето на Slack и започна партнерство со MasterCard, Visa, Vodafone и Alibaba. Последната можност за плаќање преку Messenger на Facebook е големо напредување со оглед на тоа што се забележани 1,3 милијарди активни корисници во текот на еден месец.
Откако Facebook ја претстави Messenger како посебна апликација, воведени беа и бројни финансиски услуги како на пример TransferWise, Western Union, Mastercard и MoneyGram за да им бидат олеснети паричните трансфери на корисниците на најголемата социјална мрежа на светот.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли