Турчинот Ајхан Узун од Кајзери се самоубил во живо и тоа во директен пренос на Facebook, бидејќи му се верила ќерката без негова дозвола. Узун зборувал директно во камера пред да си пука со пиштол во слепоочницата. Последните зборови, пред да се самоубие, му биле: „Збогум, заминувам, чувајте се. Го пренесувам ова во живо, а мојата желба е оние што ме доведоа до оваа позиција, да не доаѓаат на погребот“.
Како што рекол, за веридбата дознал преку телефон од неговата сопруга и многу го повредило тоа што никој не го прашал, ниту пак некој го тртеирал како маж.
Тој навел дека за некои видеото е само шоу, но дека неговата желба е никој да не ја почувствува болката што нему му била нанесена.
Преносот го гледало целото негово семејство, кои преку чат го молеле да не се убива. Од компанијата Facebook соопштија дека овој случај многу ги натажил, а видео-снимката ја отстраниле.
Извор: Макфакс