Палестинскиот универзитет Ал-Кудс (AQU) објави дека дваjца негови истражувачи развиле апликација која на жените им помага да го откријат ракот на дојка така што ќе направат фотографија со сопствениот телефон и веднаш ќе добијат резултати
Доктор Заидун Салах и инженерот Јазид ал Бадарин направија апликација која за разлика од мамограмот, кој може да се прави само еднаш на две години, на жените им овозможува да прават проверка кога ќе посакаат и тоа без несакани последици. Салах вели дека апликацијата и мамограмот се дополнуваат еден со друг.
„Апликацијата ја тестиравме на глувци и добивме извонредни резултати. Тоа не охрабри да ја тестираме на жени во една болница во Витлеем“, вели Салах, кој работи како директор на Одделот за биологија на Колеџот Барџ на Универзитетот Ал-Кудс.
Апликацијата ќе биде достапна по завршување на тестирањето во болницата. Со сликање на дојките до телефон апликацијата веднаш ќе почне да го анализира женското тело и да открива рани симптоми. Потоа жените же можат да се консултираат со специјалист и да направат дополнителни испитувања за да се открие дали туморите се бенигни или не.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли