Израелската полиција уапси еден палестински работник, откако на неговата порака на Facebook, која гласела „добро утро“, погрешно автоматски е преведена на компјутерот.
Тој Палестинец минатата недела поставил на својот Facebook профил фотографија, од градилиштето каде работи во еврејската населба Беитар Илит, покрај Ерусалим. Се сликал покрај булдужерот, а напишал: „Добро утро“ на арапски јазик.
Написот е преведен на хебрејски преку преводот кој го нуди Facebook како „нападни ги“, а на англиски „повреди ги“. Полицијата се сомнева дека дополнителен поттик за насиле било и тоа што Палестинецот се фотографирал покрај булдужерот, возило кое претходно било користење во нападите на Израелците.
Полицијата се посомневале дека Палестинецот се заканува со такви напади и го уапсила. По испитувањето, полицајците сватиле дека станува збор за грешка во преводот, и дека исправниот превод бил „добро утро“. Уапсениот е пуштен после неколку часа. Тој одбил да даде изјава за израелските медиуми и брзо го тргнал постот од својот Facebook профил.
Извор: Репортер.мк