Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема „Метаморфоза“. Тие ги презентираа своите дизајни во три фази, од кои првата беше изложба на скопскиот моден викенд во април.
„Водени од оваа тема тие развиваа идеи инспирирани од процесот на трансформација, истражуваа разни материјали, повторно соработуваа со идните биотехнолози од ТМФ, па покрај со облека, интерпретацијата на оваа тема ја збогатија со накит од јадлива превлака. Втората фаза беше одбележана со традиционалната модна ревија на ТМФ во јуни, која беше придружена со изведба на молекуларна храна и пијалаци на катедрата за прехранбена и биотехнологија. За крај, третата фаза е оваа ревија во која е заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел еволутивни промени низ сите фази“, вели професор Лидија Георгиева, поч чие менторство беа изработени моделите.
Извор: Stylist.mk
Фото: Skopje Fashion Weekend
Поврзани артикли