Претседателот на Русија, Владимир Путин, го одобри издавањето криптовалута која ќе се вика крипторубља. Дигиталната валута ќе ја контролира владата и нема да биде дозволено „рударење“.
„Ќе ја лансираме крипторубљата од едноставнa причина – ако ние не го направиме тоа, ќе го направат нашите соседи од Евроазиската економска заедница за два месеци“ изјави министерот за комуникации на Русија, Николај Никифор.
Сите финансиски опрации кои ќе ги вклучува криптовалутата ќе бидат оданочени. Данокот ќе се применува на која било добивка која сопственикот на криптовалута та ќе ја има меѓу продажната и куповната цена.
„Кога продавате или купувате криптовалути ќе се наплатува 13% данок. Ако сопственикот од некоја причина не може да го објасни потеклото на криптовалутата која ја поседува, а сака да ја претвори во рубљи, ќе му бидат одземени 13% од вкупната сума“ истакна Никифор.
Националната дигитална валута ќе биде префрлена на меѓународниот пазар затоа што истакнаа дека нема поента валутата да циркулира само во рамките на земјата. Според Русија, ова не смее да биде приватна валута туку валута која ја издава државата, ја контролира државата и овозможува циркулирање на парите во светот на дигиталната економија.
Извор: Bizlife.rs