Со години научниците работат на наоѓање на вистинското место за градење на колонија на Месечината, и по толку време изгледа дека најдоа локација со голем потенцијал.
Научници од Јапонија и САД пронајдоа неколку кратери во близина на регионот Мариус Хилс на Месечината, кои сметаат дека се совршени за градење на подземни бази и колонии.
Кратерите се предизвикани од истекувања на лава, и се доволно длабоки за да послужат како почетна точка за градење база во која можат да бидат сместени луѓе, возила и опрема. Тимот составен од научници од НАСА и јапонската вселенска агенција „JAXA“, користеа комбинација од радари и податоци за гравитацијата за да дојдат до ова откритие.
Месечината нема атмосфера, па затоа ваквите кратери можат да послужат како комори во кои вештачки ќе се создаде атмосфера во која ќе може да живеат луѓе.
Според новите сознанија, научниците велат дека некои од кратерите се дури и до 5 пати поголеми од градот Филаделфија, па не би ја исклучиле можноста за целосно населување на голем број луѓе на Месечината.
Извор: Кајгана