Пред четири години, хакери упаднале во тајните сервери на Microsoft и украле податоци за ранливоста на нивните софтверски производи. Тие податоци подоцна биле искористени за напад на корисниците, девелоперите и компаниите, пишува Reuters.
Мајкрософт никогаш официјално не го признал нападот кој се случил во текот на 2013 година. До тие сознанија дошле новинарите на Reuters, додека им правеле интервјуа на поранешните вработени на оваа компанија.
Според нивните информации, Microsoft одлучил да молчи по интерната ревизија во која заклучиле дека ранливоста била користена во подоцнежни хакерски напади. Нападите кои се случиле по хакирање на тајните сервери ретко предизвикувале паѓање на системот па затоа Microsoft не можел веднаш да ги забележи.
Првиот хакерски напад бил откриен релативно брзо, веднаш по 2013 година, но сè уште не е утврдено кој е виновен за истиот. Во тој период, хакерите нападнале и други компании како Facebook, Apple и Twitter.
Facebook тогаш била првата компанија која признала дека е мета на хакери. Една недела подоцна, Microsoft изјавил дека некои нивни вработени биле нападнати, но не признале дека хакерите им го пробиле тајниот сервер.
Во соопштението стои дека им бил нападнат мал дел на компјутери, а тогаш немале никакви индикации ниту докази дека се нападнати и нивните корисници, па затоа ветиле дека ќе ја продолжат истрагата и ќе објават повеќе информации во врска со овој случај.
Извор: Klix.ba