Едноставна е, практично неуништлива и секако, има „змија“. Но дали камерата на Nokia 3310 го издржа тестот на времето?
Сингпурскиот фотограф Сјавиер Лур ја испроба новата верзија на култниот телефон и резултатите изгледаат одлично.
Тој признава дека фотографиите изгледаат филтрирано, но во секој случај изгледаат убаво, сѐ додека не ги погледнете одблиску.
Лур вели дека фотографиите ги обработил во Adobe Lightroom, а потоа применил VSCO филтер за да ги среди.
“Во споредба со денешните стандарди, камерата воопшто не е добра. Фотографиите изгледаат пикселизирани и имаат син одсјај доколку ги користите фабричките подесувања. Покрај тоа, телефонот мора да биде стабилен две секунди пред да ја направите фотографијата“, рече тој.
Сепак, што очекувавте од камера од 2 MP?
Тој сепак смета дека фотографиите се сепак пристојни, дури и ако ги споредиме со оние од модерните смартфони.
„Целта на мојот твит не беше да покажам дека камерата е добра, туку да покажам дека не е потребна врвна камера за да се направат убави фотографии“.
Извор: B92.net
Поврзани артикли