Климатските промени се еден од проблемите со кои се соочуваме како општество. Иако секој од нас има некое мислење на оваа тема, честопати без доволен број на факти, уметниците се повеќе ја користат како инспирација за нивната работа.
Така, њујоршкиот дизајнер Фернандо Мастранџело неодамна претстави прекрасна колекција на теписи инспирирана од климатските промени. Колекцијата е наречена Reverence и донесува „апстрактни сцени“ од природата, како што се глечери или купишта од сол.
Композицијата и текстурата изгледаат како да се цртани со водени бои, и совршено се вклопуваат во современите ентериери.