Facebook тестира нова опција која на корисниците ќе им овозможи статуси кои сами ќе се бришат по одредено време.
Популарната социјална мрежа со овој потег сака да ги поттикне корисниците да користат само текст во своите статуси. Тестирањето на новата опција е започнато, а корисниците ќе имаат можност да одредат по колку време нивниот статус ќе исчезне од Фејсбук, пишува “Independent”.
Оваа функција ја воочил еден од корисниците и ја споделил на “BuzzFeed”, потсетувајќи на времето кога статусите беа само реченици, а не фотографии, трејлери од филмови и слично. Се чини дека новата опција е инспирирана од Снепчет кој Фејсбук веќе неколку пати го копираше.
Новите, краткотрајни статуси ќе бидат ограничени на 101 карактер, а корисниците сами ќе одредуваат колку нивниот статус ќе биде видлив на мрежата и каде ќе биде видлив.
Оваа опција потсетува на “Facebook Stories” која гигантот ја ископира од Снепчет.
Извор: Toчка.мк
Поврзани артикли