Шведскиот гигант IKEA креираше мебел линија за домашни миленици наречена LURVIG и е наменета за највлакнестите членови на семејството. Мебелот беше дизајниран во консултација со ветеринари. Новата колекција е во склад со многу производи на IKEA, како на пример еден кревет се вклопува во популарната серија фуоки кои ги има во секоја продавница.

Предметите од новата колекција и според цената се во согласност со другите регуларни производи на IKEA> На пример, чиниите за храна се продаваат за 5 долари, креветот за околу 50 долари итн. Некои парчиња мебел се наменети да го заштитат мебелот во домот од домашните миленици како што е играчка за гребење за мачки која се поставува околу ногарките на кревет или маса. Колекцијата LURVIG веќе може да се најде во продавниците на IKEA и се состои од 41 производ за кучиња и 34 за мачки.

Извор: PSFK