Кинеската технолошка компанија Huawei претстави четири нови телефони: Huawei Mate 10, Huawei Mate 10 Lite, Mate 10 Pro и специјалниот Mate Porsche Design.
Новиот предводник на Huawei е со димензии 150.5mm x 77.8mm x 8.2mm и доаѓа со 5,9-инчен FullView дисплеј. Со тоа, компанијата презема чекор кон новиот тренд на наметнување на дисплеј „без рамка“, кој веќе го видовме со други предводници на пазарот.
Сепак, рамките нема да бидат целосно исчезнати. За возврат, Mate 10 Pro и Porsche Design се малку поголеми – со 6-инчни OLED дисплеи. Моделот Lite доаѓа со 5,9-инчен дисплеј, FullView со целосна функција за сите модели.
Mate 10, Mate 10 Pro и Porsche Design се движат со помош на Kirin 970 процесорот, чип од новата генерација со клучни карактеристики. Најважно е дека тој е одговорен за функционирањето на платформата за вештачка интелигенција која им овозможува на облачно-базираните процеси, поврзани со на вештачката интелигенција да се одвиваат заедно со тие, на самиот уред. Сето ова се случува многу побрзо отколку порано.
Ако Kirin 970 се докаже дека е успешен, тоа може да стане главната конкурентна предност на Huawei во борбата за првото место на глобалниот пазар на паметни телефони.
Само Mate 10 Lite нема да го користи новиот чип, туку ќе работи со Kirin 659.
Huawei Mate 10 и Lite се достапни со 4GB RAM и 64GB вградена меморија, како и слот за Micro SD картичка. Mate 10 Pro ги има истите параметри, но исто така постои можност за 6GB RAM и 128GB вградена меморија.
Mate 10, Mate 10 Pro и Porsche Design ја користат најновата верзија на Android-8.0 Oreo – мобилниот оперативен систем, кој го објави Google на 22 август оваа година.
Очекувано, кинеска компанија продолжува да се потпира силно на спецификациите на двојните камери. Серијата Mate 10 нуди предна камера од 8 MP и 20MP задна камера со монохроматски сензор.
Поврзани артикли