Компанијата Foster + Partners ја започна изградбата на висок облакодер во бизнис четврта во Торонто, кој со висина од 306 метри ќе биде највисоката зграда во таа земја.
По завршување со изградбата ќе биде највисоката станбена зграда во Канада и втора највисока конструкција која човекот ја изградил по CN Tower (комуникациска опсерваторска кула од 553 метри). Со 85 ката и преку 300 метри висина, зградата ќе биде класифицирана како supertall облакодер.
Зградата ќе биде со праволиниска форма и ќе има изразена конструкција со вертикални, хоризонтални и дијагонални елементи кои ќе бидат покриени со шампањ – бронзена боја. Проектот е изработен од престижното биро Foster + Partners и Core Architects од Онтарио.
Горните катови на One ќе бидат посветени на животниот простор и ќе содржат 560 апартмани. Ќе содржат и неколку дуплекси, пентахауси кои на жителите ќе им нудат импресивни визури на езерото Онтарио и околината.
Во рамки на приземното ниво предвидени се продавници, ресторани, кафулиња кои ќе ја поврзуваат зградата со градската област Yorkville.
Подножјето на зградата за да остане исклучиво за комерцијална употреба, предвидено е во сите станови да се пристапува преку „небесно“ лоби кое ќе биде сместено над „шопинг“ подиумот. Предвидени се и спа и фитнес центар за јавна употреба, како и големи тераси, библиотека и простории за забава.
Поврзани артикли