Македонски Телеком прв на македонскиот пазар воведува услуга интегрирана во мобилната мрежа којашто го штити корисникот од небезбеден веб интернет сообраќај
Ова единствено безбедносно решение нуди заштита на корисниците од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање
Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до 31.12.2017 година
Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели
Македонски Телеком од денеска, прв на македонскиот пазар воведува услуга интегрирана во мобилната мрежа (cloud решение) којашто го заштитува сообраќајот остварен преку интернет прелистувач. Ова единствено безбедносно решение нуди заштита на корисниците од злонамерен софтвер, вируси, крадење на личните податоци (фишинг) или хакирање. За користење на Telekom SafeNet решението, корисникот не треба да инсталира и да ажурира никаков софтвер или апликација на неговиот смартфон таблет или лаптоп. Telekom SafeNet услугата функционира без разлика на типот на уредот или оперативниот систем.
„Во светски рамки, сајбер криминалот постојано е во пораст. Како компанија којашто е пионер во технолошки иновации, секогаш се водиме од врвното корисничко искуство и проактивно обезбедуваме модерни услуги во согласност со светските трендови за заштита на мрежата и корисниците. Затоа, први на македонскиот пазар обезбедуваме услуга со која ги штитиме корисниците на мобилни услуги од онлајн закани, овозможувајќи им решение кое што е лесно за користење и нуди сигурна интернет заштита“, изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.
Корисниците на Smart, Magenta 1 и Magenta 1 business мобилните тарифи можат да ја активираат услугата и да ја користат бесплатно до 31.12.2017 година
Останати корисници на пост-пејд мобилни тарифи со вклучен интернет имаат можност за бесплатен период од 4 недели. По завршувањето на бесплатниот период услугата ќе може да се активира по цена од 29 денари месечно.
Услугата се активира со само еден „клик“ во интернет прелистувачот во моментот кога кај корисникот ќе се појави страница која нуди активирање на решението, преку оператор на 122, преку говорен автомат на 149777 или во која било Телеком продавница.
Поврзани артикли