Напис

Огромен астероид ќе помине покрај Земјата во четврток
ФУТУРАМА

Огромен астероид ќе помине покрај Земјата во четврток

Научниците објавија дека во четврток покрај Земјата ќе помине астероид. Астероидот чие име е „2012 ТЦ – 4“ ќе помине на одалеченост што е еднаква на деветина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината односно приближно 44.000 километри.
Астероидот се движи со брзина од 17 километри во секунда, тежок е околу 7000 тони а е широк од 15-30 метри. Ударот на еден ваков астероид на Земјата би бил еднаков на експлозија од 20 просечни нуклеарни проектили.

Само за потсетување, во 2013. година, астероид со слични вакви димензии направи хаос во Русија. Иако телото му се распадна во атмосферата близу градот Чељабинск, сепак 7000 згради беа уништени и околу 1500 лица беа повредени.

Поврзани артикли