Серијата на Dell XPS лаптопи секако спаѓа во категоријата на најатрактивни и најбарани на пазарот, што не е чудно, бидејќи се работи за дефинитивно извонредни лаптопи. Познато е дека новиот Dell XPS 13 ќе биде претставен на еден од најпознатите саеми на потрошувачка електроника – CES 2018, кој од 9 до 12 јануари следната година ќе се одржи во Лас Вегас. Сепак, благодарејќи на Dell, кој во своето седиште во Тексас пушти избрана екипа новинари, познат е изгледот на новиот преносник.
Dell XPS 13 донесува некои новитети кои се заслужни за уште потенкото и поелегантно куќиште, но кое од друга страна значи откажување и поместување на некои досега стандардни компоненти. Па така, повеќе нема да има интегриран читач на SD картички, туку директно во прегледникот ќе можат да се прегледуваат само microSD картички. Новост е и целосното отфрлање на USB-A портовите, бидејќи Dell XPS 13 ќе има три USB-C порта со нативна поддршка за Thunderbolt 3 стандардот. Тука се и двете камери, кои помеѓу останатото обезбедуваат поддршка за Windows Hello услугата…
Новиот XPS 13 ќе биде достапен и во две нови бои: Alpine White и Rose Gold, а материјалот над тастатурата ќе биде од стакло-пластика, материјал кој според Dell ќе оддава чувство на цврстина и мекост во исто време.