Eдна од водечките апликации за размена на пораки Viber, претстави сет на ажурирани функции за чeтување. Администаторите за групно чeтување ќе имаат можност да одвојат одредени пораки, испраќање на групни одговори и креирање на објавените листи кои овозможуваат истата порака да се испрати на приватните „чeтови“ на различни приматели.
Одвоените пораки им овозможуваат на администраторите на групните чeтови да постават одредени пораки на врвот на екранот, така што најважната содржина ќе им биде достапна на сите. Тие ќе се издвојуваат со својата виолетова позадина и остануваат постојано на врвот, без оглед на продолжението на размената на пораките внатре во чeтот.
Дополнително подобрување кај групните четови е и опцијата да може да се одговори на определени пораки – без да се наруши природниот тек на разговорот. Со подолг притисок врз која било порака, а потоа со избор на опцијата „Одговори“, пораката што е означена како одговор ќе стигне до селектираното лице за кое е наменета, иако целиот разговор природно се развивал, без одговорот да е видлив за другите учесници во четот.
Листите за објава им овозможуваат на корисниците да проследат иста порака до поголем број приматели на нивниот приватен чет. Оваа функција е создадена како алтернатива за создавање групи од неповрзани учесници, за да се испрати масовна порака до сите, и штеди време кое би се потрошило ако се испраќа до секого поединечно.
Кога еднаш ќе биде составена листата за објава, може да се сочува во пописот на четови на корисникот, штом првата порака ќе биде проследена до примателите. Тие ќе ја регистрираат пораката на нивните приватни четови заедно со испраќачот, како да се работи за единечна порака која им е испратена само ним. Ако испраќачот и примачот немаат некаков претходен приватен чет, тој автоматски ќе се воспостави на овој начин. Корисниците можат да ги именуваат своите листи на објави, како и да додаваат или да отстрануваат нови приматели. Само примателите што имаат сочуван број на испраќачи во својот адресар ќе можат да примаат пораки испратени преку листите за објава.
Поврзани артикли