Google го оживеа својот Pixel Chromebook, но со малку поинакво име – Google Pixelbook. Ова е лаптоп од висока класа кој изгледа како спој од Lenovo Yoga и Microsoft Surface Book. Како што видовме во истечените информации, Pixelbook на Google има аголен дизајн со големи копчиња, голем тракпад, а екранот е 12,3 инчи и е на допир.
„Pixelbook е најтенкиот и најлесниот лаптоп што некогаш го направивме“, соопшти Мет Вокоун.
Pixelbook работи со Intel Core i5 или i7 процесори и има верзија од 8 до 16GB РАМ меморија, а вградената меморија е 512GB за складирање на датотеки. Лаптопот има два USB-C порти за уреди за полнење и поврзување, и Pixel телефони можат автоматски да разменуваат податоци кога се поврзани.
Google Pixelbook е првиот лаптоп на компанијата што работи со Google Assistant и можете да го активирате со вашиот глас.
Од компанијата, исто така, го претставија Pixelbook Pen, кој работи како стандардно Wacom пенкало и има само 10мс латентност. Пенкалото ќе работи со помошник за коментари и се напојува со AAA батерии. Не е јасно како ќе работи со Android апликации.
Цената на Pixelbook започнува од 999 долари и достигнува 1.649 долари, а Pixel Pen е 99 долари. Пред-нарачки сега се достапни а испораките ќе започнат на 31 октомври во САД, Канада и Велика Британија.
Поврзани артикли