Samsung Galaxy Note 8 е првиот телефон на светот кој во тестирањето на квалитетот на камерата ги доби сите можни 100 поени на тестот.
На ригорозниот DxO Mark тест, Samsung Galaxy Note 8 ги освои сите 100 поени за фото модот и гo надмина iPhone 8. Сепак, камерата на Samsung Galaxy Note 8 малку потфрли во тестот на видео модот каде освои 84 поени.
Предностите на камерата на Samsung Galaxy Note 8 кои ги наведува екипата на DxO Mark сè:
- одличен зум до 4х
- речиси незабележителен шум на ноќните фотографии
- брз и прецизен автоматски фокус
- одлични фотографии на отворен и затворен простор
- јасни и живи бои
- добар баланс на белите
- одлична стабилизација на кадрите
Сепак, и покрај адутите, наведени се и недостатоците, а тие се:
- ограничен динамички опсег
- бокех ефектот не е секогаш јасно видлив
- балансот на белите бои знае да потфрли при силно осветлување во затворен простор
- сенките не се природни во зони на висок контраст
https://www.youtube.com/watch?v=RKYjdTiMkXM
Извор: Кајгана