Како една добра идеја може да опстане и години подоцна и да се заживее во услови што се драстично различни од првично замислените, покажува еден пример на една необична резиденција во калифорниската пустина. Имено, група пријатели заминала на излет во прекрасниот Joshua Tree National Park, а еден од нив забележал дека во слична околина совршено би се вклопил нацрт на еден проект кој го видел на интернет. Се работело за необична градба која требала да служи како канцелариски простор, дизајнирана од лондонскиот архитект Џејмс Витакер.
Неколку години подоцна, проектот ќе биде реализиран, и тоа на земјиште во близина на Joshua Tree National Park, а во сопственост на еден од претходно споменатите пријатели кои биле на излетот. Резиденцијата ќе изгледа потполно спектакуларно, бидејќи ќе биде составена од неколку карго контејнери кои заедно формираат форма слична на ѕвезда. Белата боја ќе доминира како со екстериерот, така и со современиот ентериер, во кој боите како црвената ќе бидат доминантни само во детали.
Поврзани артикли