Астероид со големина на автобус помина релативно блиску до Земјата, но без закана да се судри со нашата планета, објавија медиумите. Пораката на НАСА вели дека астероидот се приближил до нашата планета на растојание од 87.000 километри.
Тоа се случи во понеделникот во 13:20 часот. Небесното тело, чие официјално име е 2017 SX17, поминал меѓу Земјата и Месечината, што е 384 километри од нас. Астероидот е откриен на 24-ти септември. Според научниците, тој патувал околу Сонцето 467 дена.
НАСА соопшти дека го следи со голем интерес летот и на друг астероид – 2012 TC4, кој се очекува да мине покрај Земјата на 12 октомври на растојание едвај 43 500 км. Дијаметарот на вселенскиот објект може да биде од 12 до 27 метри, што за неколку пати го надминува размерот на метеоритот, кој влегол во земјината атмосфера со 18 км/сек во 2013 година, а потоа тој се разнесе во реонот на Челјабинск и предизвика ударни бранови на оддалеченост од 90 км.
Поврзани артикли