Во денешното обраќање за јавноста на Елон Маск беа најавени следните проекти на неговата компанија SpaceX, меѓу кои беше и ракетата која ќе превезува патници од еден до друг град на земјата.
Елон Маск најави дека компанијата SpaceX ќе го искористи истиот систем со кој ги дизајнира ракетите кои патуваат во вселената за да произведе патничка ракета која ќе служи како еден вид транспорт на патници од еден до друг град на Земјата.
„Повеќето од летовите ќе траат по 30 минути, а ракетата ќе може да стигне од една до друга најоддалечена точка на планетата за само еден час“ изјави Маск.
Системот на патничката ракета ќе работи на тој начин ракетата ќе биде придвижена класично, со лансирање, а потоа таа ќе исфрли во вселената патнички брод кој ќе може да биде слетан на една од поставените платформи во градовите ширум светот.
„Да не заборавам да додадам, цената на билетите за патување ќе бидат идентични со оние на економската класа во авиокомпаниите“, додаде Елон Маск.
Од SpaceX најавија и дека изградбата на ракетата и патничкиот брод кој таа ќе го носи ќе почне во наредните 6 до 9 месеци.
Поврзани артикли