Новиот Microsoft Office пакет со името Office 2019 ќе пристигне на пазарот идната година. Од Microsoft објавија дека би требало да се појави во вотрата половина на 2018 година, а ќе содржи нови верзии на Word, Excel, PowerPoint и Outlook. Освен тоа, ќе вклучува и серверски надградби на SharePoint, Exchange и Skype for Business.
Освен овие основни информации, Microsoft не наведува никакви детали за новините кои ќе ги донесе новиот Office, но познато е дека за Excel ќе се појават нови формули кои ќе ја подобрат аналзиата на податоци, додека PowerPoint ќе добие функции како Morph и Zoom, со чија помош визуелно ќе се подобри и ќе се „нашминкаат“ презентациите.
Office 2019 секако ќе биде првенствено наменет за оние кои сакаат да ги чуваат своите Office апликации на локални компајутери наместо во облак.
Извор: Vidi.hr
Поврзани артикли