Баварците потврдија дека сериското производство на долго најавуваното луксузно купе ќе започне следната година во фабриката во Динголфинг во Германија.

Продукциската верзија на Серија 8 Купе ќе биде заснована на истоимениот концепт кој BMW ќе го претстави напролет 2017 година. Серискиот модел ќе се појави во продажните салони во текот на 2018 година, и тоа најпрво во Европа и САД.

Понатамошните планови вклучуваат и Серија 8 кабриолет, но овој модел би требало да стигне на пазарот една година подоцна, односно во 2019 година, дознава “Auto News”.

Кога наредната година ќе се најде во продажба, BMW Серија 8 Купе ќе го “нападне” засега неприкосновениот Mercedes S-Class Coupe, но и ќе ја пополни празнината во гамата на BMW, со оглед на тоа што на овој произведувач му недостигаше едно врвно луксузно купе.

Погонската палета ќе биде преземена од актуелниот BMW Серија 7, а помеѓу останатото, се очекува и шестцилиндричен 3.0 литарски турбо-бензинец, како и 6.6 литарски V12 twin-turbo од моделот M760Li xDrive.

Продукциската верзија на BMW Серија 8 ќе ја има својата премиера на саемот во Женева, во март 2018 година.

Извор: B92.net