Постојат неколку начини на кои докторите можат да воочат канцерогени клетки, но со оглед на тоа што постојат милијарди клетки во човековиот организам, самата анализа би била долга, што би го забавил процесот на лекување.

Благодарение на истражувачите од универзитетот Мичиген, тоа би можело да се промени, бидејќи тие развиле нов чип кој овозможува одвојување на канцерогените клетки од обичните ќелии.

Истражувачите развиле микро-флуиден чип кој наликува на лавиринт и кој помага во раздвојување на канцерогените клетки од остатокот на крвотокот. Благодарение на физиката, самите кривини на чипот ќе овозможат поголемите канцерогени ќелии да се движат напред, а обичните клетки да се залепат на ѕидот на чипот.

Според истражувачите, спиралата на чипот помага во сортирање на содржината на крвта според големината на ќелиите со бели и црвени крвни зрнца кои се акумулираат на различни страни од крвотокот.

Во внатрешната страна, честичките кои се наоѓаат на ѕидот ќе се придвижуваат. Поголемите канцерогени ќелии ќе бидат посилно оттурнувани отколку малите бели крвни зрнца.

Овој метод е многу побрз отколку стандардниот, кој може да потрае додека се одредат канцерогените клетки. Чипот моментално се користи при клинички испитувања, со цел да се изолираат канцерогените ќелии кои се наоѓаат во организмите на пациентите со агресивен облик на рак на дојка.

Извор: Точка