Apple го сврте целото внимание кон неочекуваниот нов модел iPhone X, што веќе може да се забележи според продажбите на претходно најавените модели iPhone 8 и iPhone 8 Plus. Продажбата не им тргна најдобро, а стартот е нетипично бавен за Apple.
Компанијата свесно ги пушти во продажба овие модели еден месец и половина порано од iPhone X за да им даде шанса да се докажат без да паднат во сенка на моделот X. Допрва ќе се покаже дали оваа стратегија е успешна или промашена.
Во текот на првиот викенд на продажба на iPhone 8 моделот успеа да зграпчи 0,3% од пазарот на паметни телефони, додека пак iPhone 8 Plus 0,4%. Колку за споредба, претходникот iPhone 7 забележа 1% од пазарот во првиот викенд од продажбата, но iPhone 7 Plus пак имаше само 0,2%. iPhone 6 имаше 2% кога се појави, а iPhone 6 Plus 0,3%. Значи, моделот Plus за првпат успеа да оствари подобар продажен резултат овој пат за разлика од претходно што е позитивно за новите модели на телефонот.
Доколку се погледне целокупниот пазар на iPhone, тогаш на прво место е iPhone 7 со удел од 20,2%, потоа iPhone 6S со 19,92%, па iPhone 6 со 18,8%, а iPhone 7 Plus е со 14,34%. Интересно, но релативно застарениот модел iPhone 5S е со 7,45%, a помалку од iPhone 8 моментално има само iPhone 4 со 0,17% удел од пазарот врзан за паметните телефони на Apple.
Треба да се даде време секако, а бавниот старт можеби и требаше да се очекува поради iPhone X, за кој сигурно голем број на корисници штедат и ќе ги отворат паричниците кога официјално ќе започне продажбата. Резултатите од почетните продажби на iPhone X ќе ги очекуваме наскоро.
(ICTBusiness)