Philippe Malouin е дизајнер кој живее и работи во Лондон. По завршувањето на Design Academy Eindhoven, тој почнал да работи во студиото на познатиот дизајнер Tom Dixon за конечно да го отвори своето.
Во мноштвото негови интересни дела, ви го презентираме најновото. Тоа е огледало Press Mirror, кое настанало кое сосема случајно.
Имено, Malouin наишол на парче метална цевка и помислил дека може да го моделира за да служи како држач за полица. Меѓутоа, креативниот процес него го довел до нешто сосема друго решение – самостоечко огледало кои совршено се вклопува во современиот ентериер. Може да се држи во рака и да се користи, на пример, за шминкање, или може да има постојано место на некоја цврста подлога.
Поврзани артикли