Според пресметките на Даниел Ротман, професор по геофизика на Технолошкиот институт во Масачусетс, човештвото има само уште 82 години да го реши прашањето за својот опстанок на Земјата.
Со помош на едноставна математичка формула, Ротман пресметал дека океаните наскоро ќе содржат толку многу јаглерод што масовниот помор ќе биде неизбежен.
Во последните 540 милиони години планетата претрпела пет вакви настани, вклучувајќи го истребувањето на диносаурусите.
Најголемиот масовен помор се случил пред 252 милиони години кога изумреле 95% од морскиот свет поради наглото зголемување на киселоста на океанот.
Критичната количина на јаглерод во океаните инесува 500 гигатони, а моментално има околу 310 гигатони од овој елемент, тврди Ротман.
Неговото истражување покажа дека на крајот на овој век циклусот на кружење на јаглеродот ќе доведе до природна катастрофа.
Ротман тврди дека човекот, од периодот на индустриската револуција има испуштено во атмосферата 1.540 милијарди тони јаглерод диоксид.
Половина од испуштената количина на јаглерод диоксид останала во земјината атмосфера, предизвикувајќи 10 пати побрзо зголемување на овој гас од која било друга кататрофа што ѝ се случила на Земјата досега.