Тајванската компанијата HTC и натаму работи на нови телефони и покрај тоа што деновиве беше објавено дека Google го купил делот за дизајнери и интелектуална сопственост на компанијата. Сепак, HTC објави дека до крајот на годината планира да објави уште три нови уреди.
Еден од тие уреди ќе биде и U11 Plus (со кодно име „OceanMaster“). Oва би требало да биде првиот HTC телфон кој ќе го имплементира трендот за оваа година, а тоа е односнот 18:9 на страните и минималните рамки околу екранот.
Покрај тоа, HTC U11 Plus ќе има 5.99-инчен дисплеј со 2880 x 1440p резолуција. Телефонот ќе го користи процесорот Snapdragon 835, ќе има 4GB RAM и 64GB/128GB UFS 2.1 простор за складирање. На задната страна ќе се наоѓа 12MP камера, додека на предната страна ќе биде сместена камера од 8MP. Моделот U11 Plus ќе има IP68 серфтификат и поддршка за QuickCharge 3.0, како и функцијата Edge Sense.
HTC U11 Plus“ ќе биде претставен на 11-ти ноември во Кина, а во моментов не е познато кога ќе пристигне и на другите пазари.