Има се повеќе компании кои влегуваат на пазарот на камери за снимање во движење, DJI е една од нив
Досега DJI воглавно беше познат како производител на беспилотни летала со кои направија фантастична работа и се позиционираа како еден од најсериозните играчи во овој сегмент на пазарот. Сепак, тоа не е им беше доволно и компанијата одлучи да претстави нов производ, Osmo камера и систем на стабилизација. Многу веројатно, многумина ќе забележат дека ова е директна конкуренција на GoPro акциските камери, бидејќи DJI Osmo е ценовно, но и според функциите сличен како на пример, GoPro HERO 4 Black камерата со дополнителен систем за рачна стабилизација…
DJI Osmo е совршено решение за сите оние кои користат камери за снимање во движење и тоа од рака, бидејќи доаѓа со „тро-оскен“ жироскоп за стабилизација на камерата. Што се однесува до самите спецификации на камерата, тука е веќе стандардната 4K резолуција со 24, 25 или 30 фрејма по секунда, но можете да ја прилагодувате резолуцијата и зависно од потребите.
Посебно е интересна можноста за снимање со 1080p и дури 120 fps што во постпродукција ви овозможува таканаречено „супер забавување“ и многу атрактивни снимки. Фотографиите, иако тоа не е примарна намена, можете да ги сликате во резолуција од 12 мегапиксели во DNG RAW форматот на Adobe, што исто така ви нудат широки можности на обработка.
Новата перјаница од DJI е со многу мали димензии, што ветува „достапност“ било каде и било кога, има можност за снимање на видео материјал во траење од еден час со едно полнење или 6 часа во „stand-by“ мод. Дополнителен плус е и GJI GO апликацијата која ви отвора можност на контрола на камерата преку паметен телефон, за кој е предвиден и посебен сталак на самиот Osmo уред. Цената изнесува 539 евра, а повеќе за DJI Osmo камерата можете да дознаете на официјалната веб-страница, додека приложеното видео ги претставува основните можности на оваа прилично добра камера, која несомнено има одличен потенцијал на пазарот.
DJI Osmo Mobile го претвора вашиот смартфон во професионална камера
Еден од уредите во рамките на портфолиото на Osmo уреди е Osmo Mobile. ActiveTrack технологијата вградена во Dji GO апликацијата му овозможува на Osmo Mobile уредот автоматски да го следи вашето лице додека се движите. Трите оски на стабилизација во комбинација со Dji SmoothTrack технологијата која го ублажување треперењето на раката, секоја ваша снимка ќе ја претводи во професионална кино видео снимка. Користејќи ја DJI GO апликацијата, Osmo дозволува аплоуд во реално време на YouTube каналот.
Со DJI Osmo можете да нарачате и голем број додатоци, а моментната цена на Osmo Mobile изнесува 300 долари.