Астрономите, всушност, пронашле пар вакви астероиди, кои се вртат меѓу себе, а одзади оставаат прашина. Се поставува и прашањето колку вакви хибриди може да има во вселената? Бинарниот објект првпат бил пронајден во 2006 година, како дел од потрагата по астероиди преку програмата „Спејс воч“. До 2012 година астрономите забележаа нешто чудно во сето тоа – објект кој е астероид, но со карактеристики на комета. Овој објект е еден од неколкуте такви откриени досега. Она што го прави уникатен е тоа што е составен од два дела.
Двата негови дела со иста големина орбитираат на дистанца од помалку од 100 километри. Зошто објектот се поделил на два дела, претставува мистерија. Двата дела биле најблиску до Сонцето, минатиот септември, кога НАСА со помош на телескопот „Хабл“ направи појасни фотографии. Забележале силни индикации за сублимација на воден мраз за време на зголемено соларно затоплување. Тие сметаат дека објектот се поделил пред 5000 години поради стресот предизвикан од ротацијата, каде што текот на пареата што излегувала од парчињата придонел за што поголемо оддалечување меѓу нив.
Останува прашањето колку се чести ваквите објекти во Сончевиот Систем. Астрономите велат дека е потребна дополнителна работа и набљудување, како и повеќе вакви објекти за да можат да се дадат одговори на прашањата.
Поврзани артикли