Нов договор помеѓу Google и тајванската компанија HTC во вредност од 1,1 милијарда долари. Целта на овај договор е Google да го прошири поизводството на паметни телефони.
„Google“ нема да има влог во фирмата, туку дел од вработените во тајванската компанија ќе се приклучат кон гигантот од Силиконската долина.
„HTC“ некогаш беше голем играч на пазарот на смартфони, но во последно време се мачи да дојде блиску до конкуренцијата, бидејќи „Apple“ и „Samsung“ доминираат на пазарот веќе неколку години.
Овој договор е последен во низата потези кои „Google“ ги презема со цел да ги засили хардверските способности на компанијата. Според договорот, околу 2.000 работници на „HTC“ ќе прејдат во „Google“.
„HTC“ претходната година ги направи првите смартфони за „Google“, наречени Pixel и Pixel 2.
Поврзани артикли