Новиот iPhone X нема home копче, што значи дека и не ги поседува некои од популарните опции коишто ги имаа претходните модели на Apple.
Без физичкото home копче, повеќе нема скенер за отпечатоци на прсти, но и ниту опцијата „reachability” којашто пред три години ја донесоа iPhone 6 и iPhone 6 Plus, првите поголеми паметни телефони под логото на Apple.
Оваа опција овозможува телефонот да го употребувате само со едната рака, такашто двојно се притиснува на home копчето и на тој начин се повлекува горниот дел од екранот кон долу, за се’ што би ви требало да може да ви биде на дофат на палецот на едната рака.
Токму ова беше важна опција кај iPhone уредите, коишто Apple претходно ги рекламираше како телефони коишто може исто толку удобно да се користат и со една рака, што беше причина поради која компанијата не ја промени дијагоналата на телефоните, дури ниту откако конкуренцијата прејде на производство на фаблети.
А откако конечно и попушти на ова поле, опцијата reachability им овозможуваше на корисниците да продолжат да го употребуваат својот телефон само со едната рака, што многумина и го правеја – таа опција според comScore извештајот од оваа година ја користеле дури 76 отсто од Apple корисниците во САД при што 39 отсто од корисницитебиле на возраст помеѓу 35 и 54 години.
Или во просек, 55 отсто од луѓето ја користеле опцијата reachability. Меѓутоа, таа наскоро ќе остане единствено само во минатото…
Извор: B92
Поврзани артикли