Со брзиот развој на телекомуникациските и компјутерските технологии, само прашање на време е кога конвенционалниот автомобилски клуч ќе замине во историјата, сметаат од баварската автокомпанија.
Со оглед на тоа што практично сите корисници на BMW автомобилите денес имаат смартфон и апликација на BMW, која им овозможува да го отклучат своето возило, класичниот авто-клуч повеќе не е потребен.
“Навистина, колкав е бројот на возачи на BMW на кои им е потребен клуч денес?”, изјавил во разговор за Ројтерс, Иан Робертсон – член на одборот на компанијата, задолжен за продажба на возилата.

Робертсон вели дека купувачите на новите BMW автомобили повеќе не ги ставаат своите клучеви во контакт бравата, бидејќи постои опција за бесконтактно отклучување и стартување на моторот.
“Корисниците веќе не ги вадат клучевите од своите џебови, па зошто воопшто би ги носеле со себе?”, објаснува Робертсон и додава дека компанијата ја разгледува можноста во потполност да ги укине конвенционалните автомобилски клучеви.
Секако, BMW не е првиот ни последен произведувач на автомобили кој размислува на овој начин – да го наведеме примерот на Tesla и новиот Model 3, кој е на сосема логичен правец да направи револуција во автоиндустријата.
Извор: Kolektiv.me