Вчера (19 септември), на кровот на катната гаража „Македонска фаланга“ беше отворена изложбата на инстаграм фотографии снимени од Слободанка Тренчева – Боте, #botovacha. Оваа изложба прераснува во традиција и се одржува по четврти пат.

Фотографиите се споделени моменти од најразлични дестинации ширум светот, колоритни пејсажи и портрети од интересни лица, уловени од мобилниот телефон на Боте. Непосреден стил, уникатност и автентичност се главна карактеристика на фотографиите кои таа ги споделува секојдневно.

„Фотографирањето кај Боте би можел да го разберам и како нејзино поклонување. Поклон кон погледот. Љубопитните очи и непосредноста се главните аргументи и извори на кои таа ја развива својата естетика“, изјави Антони Мазневски, академски сликар.